Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Охрид поради доаѓањето на Виктор Орбан

Христијан Мицкоски и Виктор Орбан во Будимпешта, Унгарија / 25 јули 2022 / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре и задутре ќе биде гостин на премиерот Христијан Мицкоски во Охрид.

Поради неговата посета, од СВР Охрид се преземаат мерки за непречено одвивање на предвидените активности.

„Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и кеј „Македонија“. На 26 и 27.09.2024 година (четврток и петок), на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“, како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум. На 27.09.2024 година, безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа“, информираат од охридската полиција.

Од СВР Охрид ги апелираат граѓаните да се почитуваат насоките на полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот