Усвоена информација за подготовката на Проектот за итно справување со KОВИД-19

Фото: МИА

Владата денеска на седница усвои Информација за текот на подготовката на Проектот за итно справување со KОВИД-19 во Северна Македонија, а го задолжи Министерството за финансии да аплицира до Светската банка за обезбедување заем за негово спроведување.

-Корисници на проектот ќе биде целокупното населението земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции ангажирани за справување со КОВИД-19 во Република Северна Македонија, информираат од владината прес-служба.

Оттаму додаваат дека како корисници ќе се вклучат и лицата кои имаат потреба од ублажување на социјалното влијание (социјална заштита).

Владата го задолжи Министерството за финансии да ја подготви и да ја достави до Светска банка Апликацијата за избор на услови за обезбедување на заем од Светска банка за Проектот за итно справување со KОВИД-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот