Уште една земја го забрани филмот „Barbie“ поради „хомосексуалност и други западни девијации“

Фото: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Алжирското Министерство за култура ја следи содржината на филмовите што се прикажуваат во кината и со самотот тоа има „одврзани раце“ и да го забрани нивното прикажување.

Алжир го забрани филмот „Barbie“, кој неколку недели се прикажуваше во некои кина во земјата, објави во понеделникот официјален извор и локалниот весник „24Х Алжерие“.

Официјален извор рече дека филмот „пропагира хомосексуалност и други западни девијации“ и дека „не е во согласност со верските и културните верувања на Алжир“.

Главните улоги ги толкуваат Марго Роби и Рајан Гослинг како Барби и Кен, а филмот ја испраќа куклата на компанијата „Мател“ во авантура во реалниот свет.

Филмот надмина 1 милијарда долари во продажба на билети низ светот од неговата премиера на 21 јули.

Либан и Кувајт исто така го забранија филмот „Barbie“.

Виетнам го забрани филмот „Барби“ поради контроверзна сцена

ВИДЕО | Погледнете го новиот трејлер за филмот „Barbie“: За четири часа собра милион и пол прегледи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот