Уште една славна личност е вмешана во смртта на Метју Пери: Била „подвижна аптека“

Метју Пери / Фото: Profimedia

Уште една славна личност е поврзана со истрагата за смртта на актерот Метју Пери, а нов извештај ја открива нивната заедничка зависност.

Истрагата на полициската управа во Лос Анџелес за предозирање со кетамин на Пери, открила вмешаност на друго лице, пренесува „Ин Тач“ (InTouch).

Сè уште неименуваната жена наводно тврдела дека повеќе не користи наркотици, туку дека била „подвижна аптека“, според изворот. Наводно се појавија фотографии на кои таа и Пери се кај лекар кој му препишувал кетамин.

Двајцата меѓусебно се упатувале кај нивните лекари за да земат дрога и честопати си се доверувале еден на друг за нивните битки со зависноста, тврди изворот. Анонимната славна личност е втората личност поврзана со смртта на Пери, откако поранешната сопруга на Чарли Шин, Брук Милер, неодамна беше повикана на сослушување.

Пери почина на 28 октомври 2023 година во својот дом во Лос Анџелес. Имаше 54 години. Аутопсијата подоцна утврди дека смртта на актерот била предизвикана од акутните ефекти на кетаминот и давењето, а обдукцијата исто така забележува дека „немало знаци на траума или сомневање за злосторство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот