Унгарија ќе ѝ позајми на Македонија половина милијарда евра

фото: социјални мрежи/Христијан Мицкоски

250 милиони евра за директна економска помош и 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините – македонскиот премиер договори заем кај неговиот унгарски колега од половина милијарда евра.

Мицкоски и Орбан во Вашингтон  договорија специјална економска соработка според која унгарската Влада ќе и позајми на македонската Влада сума од 500 милиони со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години. Дополнително, земјава ќе може да се обрати за дополнителна економска поддршка.

„Денеска заедно со премиерот на Унгарската Влада, господинот Виктор Орбан имавме исклучително квалитетна и плодна средба. Разговаравме за неколку теми меѓу кои и темата којашто можеби за македонските граѓани е најважна, а тоа е дека двете влади се договорија во иднина да воспостават специјална економска соработка, нешто што ќе значи сигурност и нешто што ќе значи финансиска стабилност за нашата македонска економија“, информира Мицкоски по средбата.

Специјалната економска соработка подразбира дека во иднина кога ќе има потреба, Македонија повторно ќе може да се задолжи кај унгарската влада.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот