Уметник добил награда за фотографија направена со вештачка интелигенција, па го дисквалификувале кога открил дека е вистинска

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Фотографијата од фламинго на мултидисциплинарниот уметник Мајлс Естреј беше дисквалификувана од престижен натпревар за фотографии направени со вештачка интелигенција. Сепак, неговата цел беше исполнета, тој испрати порака дека: „природата е толку фанатична и креативна и мислам дека ниедна машина не може да ја победи“, пренесува „Вашингтон пост“.

Фотографијата од фламинго без глава изгледа како нешто што само вештачката интелигенција може да го замисли. Речиси совршено тркалезната, розова грутка од преријата сместена на две нозе како чепкалка за заби ги имаше сите белези на фотографија генерирана од вештачка интелигенција: чудни вибрации, чудни пропорции и делови од телото кои недостасуваат.

Всушност, фотографијата – подеднакво апсурдна и реална – беше толку зачудувачка, што освои награда во категоријата за вештачка интелигенција за фотографија во боја. Но, „ФЛАМИНГОН“, како што е насловена, не е создадена од текстуални пораки внесени во генератор на фотографии. Наместо тоа, фотографијата покажува сосема реален приказ на фламинго, секако не без глава, којшто уметникот Естреј го фотографирал на плажите во Аруба пред две години.

Поради тоа, фотографијата на Естреј, која го освои третото место во категоријата генерирани фотографии и наградата за најмногу гласови од публиката, беше дисквалификувана откако тој ја откри вистината. Како што вели тој, фотографијата сепак ја исполни својата мисија – испрати трогателна порака до светот кој се бори со сè понапредната, моќна технологија и изобилството на лажни фотографии што ги носи.

„Мојата цел беше да покажам дека природата е толку фантастична и креативна и мислам дека ниедна машина не може да го победи тоа. Но, од друга страна, фотографиите со вештачка интелигенција напредуваа до точка што не се разликуваат од вистинските фотографии. Па каде нè води тоа? Кои се импликациите и замките од ова? Мислам дека тоа е многу важен разговор што треба итно да го започнеме, изјавил Естреј за „Пост“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Ова беше делумно една од причините што го охрабри Естреј да се впушти во ваков тип на „измама“, која беше инспирирана од слични манипулации во последниве години.

Околу две години, 38-годишниот уметник кој патува низ светот размислувал за „фотографија од птица која веќе изгледа надреално“ што ја направил на недопрена плажа на брегот на Аруба. Еден сончев ден, Естреј тргнал околу пет часот наутро со првиот брод кој пловел за малиот остров познат по јатото фламинго. Кога стигнал таму, ја забележал светло розовата птица како „ја прави својата вообичаена утринска рутина“ и си ги средува пердувите.

„Имав многу среќа што ја ‘фатив’ оваа фотографија“, рекол уметникот.

Во текот на изминатите неколку години, тој мислел дека птицата со смешен изглед можеби е совршен медиум за неговиот протест против вештачката интелигенција, но немал голема конкуренција во оваа категорија. Можноста се појавила на крајот на минатата година кога „Криејтив рисорс колектив“ (Creative Resource Collective) го поканиле да учествува на натпреварот за фотографии во боја, каде жирито се состои од истакнати експерти во оваа област од Центарот Помпиду, Њујорк Тајмс и Гети Имиџис, меѓу другите.

Естреј вели дека се чувствувал виновно што ги измамил организаторите на натпреварот, кога открил дека фотографијата не е генерирана од вештачка интелигенција, дури откако добил известување дека победил.

Во изјава за „Вашингтон пост“, Лили Фиерман, директорка на натпреварот, рекла дека иако организацијата целосно ја цени силната порака што Мајлс ја пренел со неговото учество, тој бил дисквалификуван бидејќи неговата фотографија не ги исполнувала барањата на категоријата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот