Украинските војници во контраофанзива ослободија клучна позиција кај Клишчијивка

Украинските припадници на посебна механизирана бригада „Холодни Јар“ ослободија претходно заземена позиција во близина на Клишчијивка, откако руските сили ја зазеле со употреба на беспилотни летала камикази.

Точната локација не е наведена но се тврди дека позицијата била важна за одбранбената линија на бригадата.

Откако ја изгубија контролата над Клишчијивка, поточно урнатините што останаа на некои места, руските напаѓачи постојано се обидуваат да ја вратат под нивна контрола.

Во февруари, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека одбранбените сили во оваа област продолжуваат да ги одбиваат руските напади во насока на Клишчијивка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот