Пет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во руски напад во Днепар

Фото: Собрание на РСМ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најмалку пет цивили загинале, а повеќе од 50 се повредени во руски напад врз украинскиот град Днепар во средата.

Неколку луѓе се убиени и за време на руските напади врз регионот Харков.

„Сето ова можеме да го запреме само со една работа – само со голем број системи за противвоздушна одбрана, само со удари со долг дострел на локациите каде што се наоѓаат руските терористи, врз нивните воздушни бази“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Зборувајќи за капацитетите за противвоздушна одбрана, Зеленскиј рече дека се надева дека одлуката за снабдување на Украина со системи Патриот ќе биде донесена за време на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон.

Војната, која веќе е трета година откако Русија го нападна нејзиниот сосед, уби повеќе од 10.000 цивили, а рани околу 20.000 други, велат Обединетите нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот