Украинската војска соопшти дека ноќеска соборила 28 руски дрона и четири ракети

Украинското воено воздухопловство синоќа собори 28 руски беспилотни летала Шахед и четири наведувани ракети Х-59/69, а четири руски дронови неконтролирано се урнаа во неколку региони на Украина, соопшти командата на украинските воздухопловни сили. Нема жртви ниту материјална штета.

„Руските сили го нападнаа регионот Харков со наведувана ракета С-300 и три проектили од неодреден тип. Регионот на Одеса беше нападнат со четири наведувани ракети X-59/69 истрелани од воздушниот простор над Црното Море, како и 32 дронови од типот Шахед“, се наведува во соопштението.

Системите за противвоздушна одбрана беа активирани и во регионите на Днепропетровск, Харков, Киев, Кировоград, Суми, Полтава, Николаев, Одеса и Херсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот