Украинската влада би можела да заплени пари од банкарските сметки на пензионерите

Украинската влада воведе контроверзни пензиски одредби кои би можеле да доведат до повлекување на милијарди гривни од пензиските сметки, според анализата на нацрт-буџетот на Украина за 2025 година на веб-страницата за деловни вести „Економска правда“ (ЕП).

Весникот го проучуваше предлог-законот што беше усвоен од Кабинетот на министри на 13 септември, а кој минатата недела беше претставен во парламентот. Според извештајот објавен во петокот, владата планира да ги намали социјалните трошоци за повеќе од 10 отсто, или околу 1,2 милијарди долари, првенствено со намалување на субвенциите за пензискиот фонд на Украина, пишува Раша тудеј.

Најспорната одредба, наведена во член 41, ја обврзува Ошадбанк – финансиската институција која управува со пензиските сметки во Украина – да ги префрли средствата од сметките што немале никаква активност во изминатите 12 месеци назад до владата. Дополнително, владата предложи конфискација на средствата од сметките на раселените пензионери кои го пропуштаат рокот за „физичка идентификација“ повеќе од шест месеци. Внатрешно раселените пензионери или оние кои живеат во странство треба да го потврдуваат својот статус секоја година. Во спротивно, тие ризикуваат да ги загубат исплатите. Ошадбанк одби да коментира за бројот на засегнати сметки на пензионери или за вкупната сума што може да биде запленета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот