Украинците тврдат дека ги истерале Русите од областа Часив Јар

Часив Јар, Украина / Фото EPA-EFE/UKRAINIAN ARMY / OLEG PETRASIUK

Украинската армија соопшти дека нејзините сили ги избркале руските војници од областа во градот Часив Јар на источниот фронт, додека московските сили јавуваат за уништување на комуникациска кула и напредок.

Часив Јар се наоѓа на висина на околу 20 километри западно од Бахмут, град кој го зазедоа руските сили пред една година, а двете страни го гледаат како потенцијална почетна точка за рускиот напредок во клучните градови во источниот регион Доњецк, вклучувајќи ги Краматорск и Славјанск.

Портпаролот на армијата Назар Волошин изјави дека украинските бранители ги потиснале руските сили од областа Канал во Часив Јар. „Непријателската војска ја нема“, рече тој.

Волошин додаде дека руските војници ги гранатирале украинските сили повеќе од 200 пати во изминатите 24 часа, главно на јужните приоди кон градот.

Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека руските трупи се обиделе шест пати да ги потиснат украинските сили во близина на Часив Јар. „Беа одбиени три напади, а областа сè уште е зафатена од борби“, се наведува во соопштението.

Амбасадата на Украина во Вашингтон објави на социјалната платформа Икс апел да се запре напредувањето на Русија кон Часив Јар, тврдејќи дека Русија „очајно се обидува да го избрише градот, таргетирајќи дури и оштетени цркви и цивилни станбени блокови“.

„Мораме да ја спречиме Русија да го претвори во град на духови, пред да биде предоцна“, се наведува на Икс.

Командантот на руската бригада Станислав Орлов, пак, изјави дека неговите сили ја уништиле комуникациската кула на највисоката точка на градот.

„Тоа овозможи пробив без загуби“, се вели во неговата изјава.

Врховниот командант на украинската војска Олександр Сирски минатиот месец изјави дека московските сили се надеваат дека ќе го заземат Часив Јар до 9 мај и церемонијата по повод годишнината од советската победа во Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот