Украинците собориле 23 дронови и пет проектили истрелани од Русија

Авдеевка, Украина / Фото EPA-EFE/ALESSANDRO GUERRA

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ги собориле сите 23 беспилотни летала и пет од шест проектили истрелани врз Украина од Русија во текот на ноќта.

Регионалниот гувернер на украинската област Хмелницки, Сергиј Тјурин, изјави дека системите за противвоздушна одбрана собориле девет воздушни објекти над неговиот регион.

– Локалните власти немаат информации за жртви или материјална штета, рече Тјурин.

Гувернерот на Николаевската област Виталиј Ким изјави дека украинските сили уништиле шест беспилотни летала и три крстаречки ракети над Николаевската област.

Две беспилотни летала беа соборени над Херсонската област и едно над Днепропетровската област, соопштија украинските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот