Украинците лути после најочекуваниот резултат на ЕП: Црна дамка врз фудбалот!

фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Последниот ден од групната фаза на Европското првенство во фудбал донесе луд расплет во групата „Е“. Двата натпревари завршија нерешено, Словачка и Романија со резултат 1:1, а Белгија и Романија 0:0. Тоа значи дека сите тимови во оваа група освоија четири бода и пласманот се решаваше по гол разлика и постигнати голови.

Прва е Романија, втора со иста гол разлика и помалку постигнати голови е Белгија, трета Словачка, а Украина е елиминирана поради најлошата гол-разлика. Пред денешните натпревари се знаеше дека сите селекции освен Украинците ќе се задоволат со нерешен резултат, бидејќи реми ќе им обезбеди понатамошен пласман. Украинците беа единствениот тим кој требаше да одат на победа, но не успеаја значително да им се заканат на Белгијците кои ја имаа иницијативата во поголемиот дел од натпреварот.

Во вториот натпревар се знаеше дека Словаците и Романците ќе поминат доколку ремизираат и токму тоа се случи. Во пресрет на мечот во обложувалниците драстично паднаа коефициентот за нерешен резултат, а во тамошните медиуми отворено се повика и поранешниот романски репрезентативец, кој го спомена „договорот“ со Словаците.

Ова се само дел од коментарите на Украинците на социјалните мрежи:

Пеналот досуден за Романија е скандалозен. Ханко направи прекршок надвор од шеснаесетникот, но ВАР необјасниво ја поништи одлуката и досуди пенал. Црна дамка врз фудбалот“.

Како може ова да биде пенал? Првиот контакт беше јасно надвор од шеснаесетникот и Хаџи падна поради тој контакт, а не оној внатре во шеснаесетникот. Страшна одлука“.

Дали сте слепи? Не беше пенал, фаулот беше надвор од шеснаесетникот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот