Украина заслужува членство во ЕУ, сметаат Дуда и Науседа

Претседателите на Полска, Украина и Литванија, Дуда (лево), Зеленски (средина), Науседа (десно)/ Фото EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS

Украина го заслужува статусот кандидат за членство во Европската унија, изјавија претседателите на Полска и Литванија во заедничката декларација со украинскиот претседател Володимир Зеленски која се одржи денеска во Киев, пренесува Ројтерс.

„Нагласуваме дека, со оглед на значителниот напредок во имплементацијата на Спогодбата за асоцијација и внатрешните реформи, како и актуелните безбедносни предизвици, Украина го заслужува статусот кандидат за ЕУ ​​и Литванија и Полска ќе ја поддржат Украина во постигнувањето на оваа цел“, се вели во декларацијата потпишана во Киев од Зеленски, полскиот претседател Анджеј Дуда и литванскиот претседател Гитанас Науседа.

Заедничката декларација ја повикува меѓународната заедница да обезбеди „брзо воведување“ санкции кон Русија, вклучително и мерки насочени кон гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија.

На заедничката прес-конференција по потпишувањето, Зеленски рече дека одлуката на Германија да го прекине Северен тек 2 треба да стане „конечна и неотповиклива“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот