Украина потврди дека руските сили нападнале складиште за ракети

Ракетен напад/Фото: ЕПА-ЕФЕ

 Руските сили извршија ракетен напад врз складиште за ракети и муниција во населбата Дељатин во областа Ивано-Франковск во западна Украина, соопшти денеска украински воен претставник.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат изјави дека допрва треба да се потврди дали проектилот што го користеле Русите е навистина Кинжал, најнова хиперсонична ракета или некој друг вид на оружје.

Претходно денеска Министерството за одбрана соопшти дека руската армија вчера го погодила подземниот магацин во Дељатин со таква хиперсонична ракета што сега првпат ја користат во борба.

Според руските власти, „Кинжал” го носат борбени авиони МиГ-31 има домет до 2.000 километри и лета со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот.

Русија: Во Украина употребивме хиперсонично оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот