Украина негира дека го зголемила бројот на војници на границата со Белорусија

Соледар, Украина/ Фото: SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Украина ги отфрли тврдењата дека го зголемува присуството на своите војници долж границата со Белорусија, наведувајќи дека овие извештаи се „информативна операција“ на Минск со поддршка на Москва, пренесуваат британските медиуми.

Белорусија, близок руски сојузник што ја поддржува воената кампања на Москва во Украина, минатата недела соопшти дека Киев ги зајакнува своите сили долж заедничката граница меѓу двете земји.

Кремљ денеска соопшти дека информацијата е причина за загриженост.

-Ова не е првпат Белорусија да пушта информации дека Украина е закана и дека се зајакнува… Ова е уште еден дел од информативната операција што ја спроведува Белорусија со поддршка на Русија, изјави портпаролот на украинската гранична служба, Андриј Демченко, за украинската национална телевизија.

Пограничната област со Белорусија останува „актуелна закана“ и Украина во неа го задржува потребниот број сили за да спречи какви било провокации, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот