Украина го зголемува производството на дронови

Украина дронови / Фото EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина го зголемува производството на беспилотни летала, оружје, муниција, опрема, машини за деминирање и се што е потребно на фронтот.

„Украина го зголемува производството на беспилотни летала, одредени видови оружје, муниција, опрема, машини за деминирање и многу други основни предмети – се што е потребно на првите линии за да се спасат животите на нашиот народ со моќта на технологијата“, напиша Зеленски на Телеграм.

Според него, оваа војна покажува дека технологијата на бојното поле е ефикасна одбрана од агресија во современиот свет.

„Секој месец се повеќе компании и програмери воведуваат нови решенија за ефикасно спротивставување на непријателот. Благодарен сум на сите што придонесоа за оваа украинска сила“, рече Зеленски.

Генералниот директор на Укроборонпром, Херман Сметанин претходно изјави дека Украина успеала да развие и лансира масовно производство на ударни беспилотни летала со долг дострел. Овие беспилотни летала погодија стратешки цели на оддалеченост од повеќе од 1.000 километри. Украина исто така успешно започна масовно производство на беспилотни летала ФПВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот