Укинување на економските директори во јавните здравствени установи на владина седница

Влада на РСМ / фото: Драган Митрески - Слободен печат

На денешната седница Владата ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствена заштита, со што, како што најавуваат, ќе се укине институцијата економски директор во јавните здравствени установи. Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека со оваа мерка ќе се подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, ќе се намалат административните трошоци и ќе се насочат на средствата за подобрување на здравствените услуги.

-Новите законски одредби предвидуваат дека здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите ќе бидат раководени од само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето. На овој начин ќе се лоцира и одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето. Верувам дека оваа реформа ќе овозможи пренасочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата, зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, како и подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани, објави Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Мицкоски, исто така, изјави дека законот што денес ќе биде на владината седница ќе се укинат организациксите места, односно рече тој, „ставаме точка на дуализмот.“

Укинувањето на економските директори во здравствените установи, беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела.

-Мора да имаме едно лице коешто ќе биде одговорно и едно лице коешто ќе има обврски, права, но и одговорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и на одговорностите и практично не можевме да локализираме јасно каде е одговорноста. Сега, со овој потег, јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорноста, рече Мицкоски нагласувајќи дека во државава помалку ќе има над стотина функционери „коишто се на товар на граѓаните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот