УЕФА потврди: Отворена е истрага против Демирал

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

По реакциите во јавноста, УЕФА потврди дека е отворена истрага против Мерих Демирал стрелецот на двата гола во осминафиналето против Австрија.

Демирал вчера славеше со „волчји поздрав“, симбол кој е препознатлив за турските екстремисти „сиви волци“ кои промовираат десничарска екстремистичка идеологија која верува во супериорна „турска раса“ и обединување на сите турски народи во една држава, поточно создавање „царство“ од Балканот, па се до Кина.

Останува да се види каква ќе биде реакцијата на УЕФА, а во случај Демирал да биде суспендиран тоа сигурно ќе биде проблем за турската репрезентација во четвртфиналето во кое Турција ќе игра со Холандија.

На турскиот херој Демирал му се заканува суспензија поради прославата со контроверзен симбол

ФОТОГАЛЕРИЈА | Поради победата на Турција Берлин изгледаше како Истанбул или Анкара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот