УЕФА не го избркала Мекели поради продолжувањето од осум минути, причината е друга ситуација?

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Холанѓанецот Дани Макели повеќе нема да суди на Европското првенство, ваква одлука донесе УЕФА во текот на вчерашниот ден.

Мекели предизвика бурни реакции со својата арбитража во натпреварот помеѓу Хрватска и Италија, а најмногу се коментираше продолжувањето од осум минути. Голем дел од јавноста сметаше дека немаше основа Холанѓанецот толку да го продолжи натпреварот. Закањи токму во таа осма минута од продолжението постигна гол со кој донесе осминафинале за Италија и елиминација за Хрватска.

Но, денеска пристигнуваат информации дека тоа продолжување не е причината поради која Мекели е суспендирна.

„Кориере дело Спорт“ повикувајќи се на извори блиски до шефот на судиите, Роберто Росети пишува дека најголемиот пропуст за УЕФА, Мекели го направи кога чекал помош од ВАР при пеналот за Хрватска. Хрватска доби пенал кој го одбрани Донарума, но во УЕФА му замериле затоа што не успеал да види очигледно играње со рака.

Сепак, треба да се каже и дека реакции на судењето на Мекели имаа Унгарците за нивниот натпревар против Германија кој се играше во второто коло од групната фаза на ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот