УЕФА најмногу ги казнуваше балканските репрезентации во текот на групната фаза на ЕП

фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Спортскиот портал „Атлетик“ спроведе истражување за казните што ги доделуваше Европската фудбалска унија (УЕФА) за фудбалските федерации за време на групната фаза од Европското првенство кое е во тек.

УЕФА ќе заработи над 1,2 милиони евра, а најмногу казни доби Хрватска со сума од 220.875 евра, единствена со над 200.000 евра.

Следуваат Албанија (171.375 евра), Србија (166.625 евра), Турција (95.125 евра) и Швајцарија (91.750 евра).

Три национални селекции поминаа без казни: Франција, Шпанија и Словачка.

Најчести причини за казните беа фрлање предмети, употреба на пиротехнички средства и недолично однесување на стадионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот