УЕФА го суспендираше турскиот репрезентативец Мерих Демирал на два натпревари

фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Мерих Демирал ги постигна двата гола во победата на фудбалската репрезентација на Турција над Австрија во осминафиналето на Европското првенство, а натпреварот заврши со резултат 2:1.

Демирал ги прослави головите покажувајќи го поздравот на „Сивите волци“, односно симбол на десничарската екстремистичка идеологија, која во некои земји се смета за терористичка порака.

Демирал на тој начин доби казна која сигурно ќе го спречи да игра во четврт-финалето кое Турција ќе го игра в сабота против Холандија, а дури и да се пласира во полуфиналето неговата селекција нема да биде во тимот.

Демирал ќе може да им помогне на своите момци само доколку Турција се пласира во финалето на Европското првенство, одлучи УЕФА.

ФОТОГАЛЕРИЈА | Поради победата на Турција Берлин изгледаше како Истанбул или Анкара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот