Учениците во Гази Баба и годинава ќе добијат бесплатни униформи

Општина Гази Баба, Фото: Архива

На почеток на новата учебна година, сите ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба ќе добијат бесплатна униформа.

Овој проект започна да се реализира во општина Гази Баба со моето доаѓање за градоначалник со што го исполнив ветувањето кое го дадов за време на изборите, дека сите ученици ќе добиваат бесплатни униформи. Со реализацијата на овој проект се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците – вели градоначалникот Бобан Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот