Ученици нападнати со шипки на екскурзија во Сарај, напаѓачите им се заканиле и на учителките

Спортско рекреативен центар Сарај/Фото: ЈП Паркови и зеленило Скопје

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.К. и Ј.Г., двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните малолетни деца, додека биле на екскурзија во Спортско – рекреативниот центар Сарај, организирана од основно училиште од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и метални предмети.

Според пријавеното, кога учителките на децата реагирале, напаѓачите им се заканиле и заминале. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот