Убиство во Тафталиџе: Шура го убил зетот и го ранил внукот

Во скопската населба Тафталиџе во продавница се случи убиство. Убиството резултирало по семејна расправија меѓу зет и шура.

Убиството е извршено од сопственикот на продавницата со иницијали В.Ш. (55), кој, по расправија со пиштол пукал кон С.Д.(55) кој, бил негов зет за сестра и кој починал на лице место.

А  25 годишниот Ф.Д., внук од сестра е, погоден со куршум во десната нога и е пренесен на Ургентен центар  каде му се укажува лекарска помош.

Според МВР, причини за убиството, се нарушени семејни односи и нарушени имотно-правни  односи. Сторителот е приведен, соопштува полицијата.

Според првичните информации полицијата го упасила напаѓачот и е однесен во полициска станица.

Повеќе детали се очекуваат во текот на ноќта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот