Убиство во Батинци: Напаѓачите избегале кон село Драчевица, вклучен е и хеликоптер во потрагата

Фото: Принтскрин/Тв21

Едно лице загина а друго е тешко повредено откако утрово беа застрелани во скопското село Батинци.

„Форд“ со италијански ознаки во кои се возеле 34-годишниот А.Б.И и неговиот брат 32-годишниот З.И и двајцата жители на село Црн Врв биле пресретнати од возило „мерцедес“ со германски национални таблички во кое имало две маскирани лица кои започнале да пукаат со калашников.

Напаѓачите се во бегство, а по нивната потрага е вклучена и хеликоптерската единица на МВР. Како што велат очевидци, напаѓачите избегале кон село Драчевица.

МВР со детали за убиството во Батинци: Напаѓачите пукале од „мерцедес“ во движење

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот