Убиена поранешната девојка на Роналдињо: Познатата водителка застрелана пред синот

Марта и Роналдињо / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Мексиканската телевизиска водителка и манекенка Марта Паола Салседо (29) е убиена во саботата вечерта пред очите на нејзиниот четиригодишен син, при обид за крадење автомобил во Хуиксилукан, Мексико, пишува „Дејли мејл“.

Салседо со синот била во циркус, а била нападната пред него кога напаѓачот ѝ ги побарал чантата и клучевите од нејзиниот автомобил, меѓутоа, водителката одбила да им го даде тоа што го побарале напаѓачите.

Поради тоа пукале во неа и нејзиниот четиригодишен син, по што итно биле префрлени во болница, а како што пишуваат мексиканските медиуми, водителката кога ја однеле во болницата била жива. Случаен минувач ја ставил во својот автомобил и итно ја однел во болница, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот, пишува „Дејли мејл“.

Нејзиниот брат Карлос Салседо, кој играше и во Европа, во Фиорентина и Ајнтрахт, а има 48 настапи за мексиканската репрезентација, потвди дека Паола им подлегнала на повредите.

 


Според очевидци, разбојниците ја нападнале младата водителка од бело комбе. Засега не се знае во каква состојба е нејзиниот четиригодишен син.

Паола во 2020 година доби син со уругвајскиот голман Николас Виконис, а пред девет години беше во кратка врска со фудбалерот Роналдињо и тогаш на социјалните мрежи објави заеднички фотографии.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот