Убиен затвореник во тепачка во „Идризово“

Фото: Rawpixel / CC0 / public domain

Затвореник кој издржувал казна во „Идризово“ починал пред неколку дена откако претходно бил нападнат од друго лице кое било на издржување казна при што му биле нанесени тешки телесни повреди.

Во физичката пресметка која се случила на 31мај му биле зададени поголем број удари со тупаници и клоци, а на 22 јуни починал како последица на здобиените повреди.

Поради околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството

Од Основното јавно обвинителство Скопје, посочија дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот