Уапсена сопругата на убиениот терорист од Белград

„Министерството за внатрешни работи на Црна Гора брзо стигнала до сопругата на терористот, одземени и се сите електронски уреди и таа ќе биде процесуирана“, изјави Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Нинослав Чмолиќ.

Чмолиќ презентираше информации до кои дојде српското МУП во соработка со црногорската полиција, која ја уапси сопругата на терористот Милош Жујовиќ, кој вчера беше неутрализиран при напад на полицаец пред израелската амбасада.

– МУП на Црна Гора брзо стигнала до сопругата на терористот, одземени и се сите електронски уреди и таа ќе биде процесуирана. Потребна ни е поддршка од целото општество кога станува збор за тероризмот. Граѓаните треба да имаат доверба во државата и полицијата. Ги преземаме сите активности за да го одржиме редот и мирот и да ги заштитиме нашите граѓани – изјави Цмолиќ за ТВ Информер.

Во текот на вечерта и утрото полицијата уапси неколку соработници на Жујовиќ, меѓу кои и Игор Деспотовиќ (25), кој веќе е осуден за планирање терористички напади во Србија.

– Утврдено е дека Жујовиќ и Деспотовиќ биле на „врска“, односно дека долго време разменувале пораки во кои договарале терористички напад, кој Жујовиќ го извршил вчера – изјави извор на српски Курир запознаен со случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот