Туристите избраа: Хрватски остров е еден од најубавите во светот според престижното списание за патувања

Хвар, Хрватска / Фото: Profimedia

Американското списание за патувања „Травел енд лејжр“ објави листа со најубави острови во светот врз основа на искуствата на неговите читатели.

Листата е составена од 25 острови, од кои Малдиви го освои првото место, а меѓу нив се најде и хрватскиот остров Хвар.

„Ако барате медитеранска авантура, не гледајте подалеку од Хвар и далматинските острови. Стариот град на Хвар често се нарекува ‘крал на далматинските острови’. Има прекрасен плоштад и средновековна тврдина со поглед на Јадранското Море. Ноќниот живот придонесува за незаборавно искуство“, напишаа од списанието според искуствата на неговите читатели.

Во истражувањето учествувале 186.000 читатели на споменатото списание, кои ги оцениле островите според следново:

  • природни атракции/плажи
  • активности/атракции
  • ресторани/храна
  • луѓе/љубезност
  • вредност за парите

Хвар се најде на седмото место од вкупно 25.

Хвар, Хрватска / Фото: Profimedia

Вкупниот список изгледа вака:

  • Малдиви
  • Пу Куок, Виетнам
  • Бали, Индонезија
  • Милос, Грција
  • Доминика
  • Крит, Грција
  • Хвар, Хрватска
  • Галапагос, Еквадор
  • Кох Самуи, Тајланд
  • Острови на Големиот корален гребен, Австралија
  • Искија, Италија
  • Куба
  • Палаван, Филипини
  • Фиџи
  • Златните острови, САД
  • Пукет, Тајланд
  • Сицилија, Италија
  • Ангвила
  • Моореа, Француска Полинезија
  • Крф и Јонските острови, Грција
  • Сардинија, Италија
  • Мадеира, Португалија
  • Скај, Шкотска
  • Парос, Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот