Турците тврдат дека Демирал не е суспендиран

Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Вчера беше објавено дека Мерих Демирал добил суспензија од два натпревари, но денеска од Турската фудбалска федерација тврдат дека тоа не е точно.

Турците тврдат дека информациите пренесени од најголемите германски медиуми не се точни и според нив УЕФА денеска треба да ги изнесе своите аргументи за евентуална казна.

Демирал предизвика реакции со прославата со контроверзниот „волчји“ поздрав, кој е симбол на турските десничкарски есктремисти кои веруваат во супериорна турска раса и обединување на сите турски народи во една држава, односно создавање на царство од Балканот па сè до Кина.

Сепак, се очекува информацијата која прв ја објави „Билд“ да е точна, бидејќи УЕФА е ригорозна кога се во прашање политичките пораки на терените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот