Турција: Таткото кој ја „омажи“ шестгодишната ќерка за 29-годишен маж доби построга казна

Таткото од Турција, кој се согласил да го „омажи“ своето шестгодишно девојче за 29-годишен маж, претставувајќи му го бракот на девојчето како „детска игра“, доби повисока затворска казна во повторениот процес во Истанбул, пренесуваат локалните медиуми.

Судењето за случајот кој ја потресе јавноста трае од 2020 година, кога девојчето пријавило дека нејзиниот татко, Зија Ѓумушел, кој е водач на заедницата поврзана со религиозната секта Исмаилага Џема, ја принудил да се венча за маж кој бил повеќе од 20 години постар од неа.

Ниту мајката не ја избегна затворската казна – таа беше осудена на најкратка, 16 години и осум месеци. Таткото е осуден на 18 години и девет месеци затвор, а мажот кој се „оженил“ со девојчето е осуден на 36-годишна казна.

Турција ја има една од највисоките стапки на малолетнички бракови во Европа – се проценува дека 15 отсто од девојчињата се мажат пред 18-тата година, а два отсто пред да наполнат 15 години, според организацијата Girls Not Brides.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот