Турција ќе се жали во Лозана за двојните стандарди на УЕФА

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Европската куќа на Фудбалот денеска ја потврди суспензијата од два натпревари на турскиот дефанзивец Мерих Демирал, иако од Фудбалскиот сојуз на Турција претходно реагираа дека нивнито фудбалер не е суспендиран. Но, дополнителни реакции од УЕФА предизвикаа со соопштувањето на казната за Џуд Белингам.

Англискиот репрезентативец за недоличниот гест кој го направи против Словачка доби суспензија од еден натпревар со тоа што Белингам и Англија сами ќе одлучат кога тој ќе ја одработи суспензијата во период од една година. Во таков случај, Англија ќе може да смета на Белингам и за утрешниот натпревар со Швајцарија, но и за полуфиналето и финалето ако таму се пласира.

Од Турција веднаш најавија и жалба до судот во Лозана каде што ќе се жалат на двојни стандарди и ќе се надеваат на брза реакција. Сепак, УЕФА во своја одбрана веројатно ќе тврди дека казните за политички симболи се построги.

Суперкомпјутерот пресмета која репрезентација има најголеми шанси да го освои ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот