Турција е отстранета од „сивата листа“ на Работната група за финансиска акција

Турција
Турција/ Фото Архива на СП

Министерот за финансии на Турција, Мехмет Шимшек, со објава на својот профил на социјалната мрежа Х навести дека земјата беше отстранета од т.н сива листа што Работната група за финансиска акција (ФАТФ) треба да ја објави, јави БТА според информациите на турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк, објави „24Часа.бг“.

„Ние го направивме тоа“, напиша Шимшек од Сингапур, каде што беше на состанокот на ФАТФ, а својата икс-објава ја придружи со емотикон на турското знаме. Списокот што организацијата го објавува на секои три години, е веќе ажуриран. Во 2021 година, ФАТФ ја вклучи Турција во таканаречената сива листа, потсетува Си-Ен-Ен-Турк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот