Тупанчески – Стојменова Дух: Поддршка од Словенија во преговарачкиот процес со ЕУ

Тупанчевски и Емилија Стојменова Дух/Фото: Министерство за правда

Министерот за правда Никола Тупанчески во Љубљана се сретна со словенечката министерка без ресор задолжена за дититализација, Емилија Стојменова Дух.

Како што соопшти Министерството за правда, Стојменова, која по потекло е од нашата држава изрази подготвеност да ни помогне во процесот на реализација на дигитализацијата во судската и обвинителската дејност.

Министерот Тупанчески ја информираше Стојменова за дигитализацијата во нашиот судски систем, што ќе биде предизвик за отстранување на факторите кои доведуваат до криминал и корупција.

На средбата, како што се наведува, беше нагласена потребата од интероперабилност и поголемо дигитално поврзување на институциите.

Стојменова го пренесе искуството на Словенија во оваа област, нагласувајќи дека Центарот за информатика во Врховниот суд има голема улога во имплементацијата на целиот процес .

-Тупанчески и Стојменова-Дух се договорија да се интензивира соработката меѓу двете држави во пресрет на преговарачкиот процес со ЕУ, се вели во соопштението од Министерството за правда. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот