„Тука е крајот“: Кралот Чарлс им ја одзема куќата на Хари и Меган и му ја даде на контроверзниот принц Ендру

Кралот Чарлс, принцот Хари и Меган Маркл / Фото: EPA

Принцот Хари и Меган Маркл треба да ги вратат клучевите од куќата Фрогмор во Виндзор, а кралот Чарлс планира да му ја даде на принцот Ендру.

Процедурата за одземање на куќата Фрогмор започнала уште во јануари годинава, еден ден по објавувањето на мемоарите на принцот Хари.

Книгата на Хари содржи безброј сензационални обвинувања, за членовите на монархијата, вклучувајќи го и тоа дека принцот Вилијам насилно го турнал на подот Хари, како и тоа дека консорт-кралицата Камила давала приказни за браќата на медиумите.

„Ова одземање на куќата Фрогмор го најавува крајот на престојот на Хари и Меган во Британија“, беше објавено во „Сан“. На Хари и Меган не им била понудена никаква замена за нивниот дом на огромниот имот на кралското семејство.

Принцот Хари и Меган планираат да ги пренесат во Соединетите Американски Држави нивните предмети од куќата во Фрогмор, која им ја даде кралицата Елизабета веднаш по нивната свадба во 2018.

Кралот Чарлс му ги понудил клучевите од куќата Фрогмор на контроверзниот принц Ендру, што за него ќе биде значително паѓање на рејтингот.

Повеќе на темата:

Книгата на принцот Хари продадена во над 1,4 милиони примероци за еден ден

Со голи раце ископал гроб: Принцот Хари во мемоарите напиша за спонтаниот абортус на Меган

„Ја најдов Мег на подот, лелекаше“: Хари ги откри смс-пораките за караницата помеѓу Кејт и Меган

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот