Тројцата трудови инспектори ја докомплетираа документацијата за случајот М-НАВ, надзорот ќе продолжи и наредната недела

М-НАВ/ Фото: Архива на Слободен печат

Троцата инспектори на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска ги докомплетираат документите и завршија со разговорите во М-НАВ. Надзорот се уште трае, наредната недела инспекторите ќе ја разгледуваат обемната документација од инспекцискиот надзор, вели за МИА, директорката на ДИТ, Весна Томовска.

„Значи нема повеќе да се оди кај работодавачот, сега ќе следи период на анализа на документацијата, разгледување и утврдување на фактичката состојба“, вели Томовска.

Таа посочува дека се разгледуваат четирите последни огласи за вработување, како и дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот.

„Последните огласи за вработување се четири, објавени се 21 работно место, а пополнети се 17 извршители. Инспекторите со синдикатот денес имаа разговори, го имаа и повикано синдикалниот претставник ги достави и тој потребните документи што им беа потребни на инспекторите во делот на тоа како се одвивале преговорите, дали е штрајкот најавен, дали имаат било каква документација во делот на нивните барања, дали се економско-социјални барањата“, вели Томовска.

Таа посочи дека овие анализи ќе потројат најмалку една недела, затоа што какошто вели инспекторите навистина имаат обомена документацијата и секое досие треба да го разгледаат посебно.

Државниот инспекторат за труд во М-НАВ влезе по случувањата во оваа институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот