Тројца приведени градежни работници во врска со пожарот во Универзална

Пожар Универзална сала/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Во врска со пожарот во Универзална сала кој избувна денеска околу 9 часот и 45 минути, МВР информира дека во полициска станица Центар приведени се тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа 50-годишниот Б.Р. шеесетгодишниот З.Т. и 53-годишниот Б.И. Во 9 часот и 45 минути во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во Универзалната сала во Скопје.

Веднаш по добиената пријава, на лице место се упатени полициски службеници и припадници на Бригадата за противпожарна заштита, кои околу 11.30 часот го изгаснале пожарот. Со возило на Итна медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад. Од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата е прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на ул. „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имаше заглавени две жени, кои беа извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција.

Како што изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, објектот ќе продолжи да се гради, откако ќе биде проценета штетата. Таа рече дека објектот е осигуран.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот