Трипуновски им вети на земјоделците дека ќе ги реши проблемите со македонското жито

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15.000 тони пченица исклучиво од македонско производство, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Ова доаѓа откако на владина седница вчера била стопирана одлуката за набавка, се со цел да се сменат сите правила на игра, за да биде македонската пченица таа што ќе биде откупена.

Дополнително ќе биде продолжен рокот на мерката за складирање на пченица и јачмен се со цел да се излезе во пресрет на сите оние земјоделци коишто нема да можат да ја предадат својата пченица.

Трипуновски напомена дека будно ќе го следи процесот на жетва и откуп на лебно жито бидејќи земјоделците имаат посветен партнер кој се грижи да тие бидат задоволни од тоа што го обработуваат.

– По завршување на оваа жетва веќе ќе работиме на структурни промени се со цел идната реколта 2025 година да немаме вакви проблеми, да секоја година во текот на жетвата се решаваат ситуациите и се дефинираат цените, тоа значи структурни реформи коишто ќе бидат на пиедестал земени земјоделците, сите оние проблеми коишто ги имаат и во делот на субвенционирањето и во делот на мерките проектите се со цел да имаме производна година којашто ќе биде предвидлива, а не како досега да во текот на жетвата се дефинираат работи. – додаде Трипуновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот