„Трипадвајзор“ ја прогласи најдобрата европска туристичка атракција

Миланската катедрала, музејот Лувр, атински акропол, Колосеум / Фото: Pexels

Титулите „Награди според избор на патниците најдобрите од најдобрите“ (The Travelers Choice Awards best of the best) се доделени, меѓу кои е и наградата за најдобра туристичка атракција.

Европа е дом на одлични атракции кои секојдневно привлекуваат туристи од целиот свет. Оваа година, „Награда според изборот на патниците на Трипадвајзор“ (TripAdvisor Travelers Choice Awards) ја прогласи Ајфеловата кула за најдобра европска атракција.

Ајфелова кула / Фото: Pexels

Всушност, симболот на Париз ги доби најистакнатите критики во текот на целата година и затоа ја доби титулата за најдобра атракција. Ајфеловата кула доби неверојатни 142.770 рецензии, со просечна оцена од 4,5 (нешто повеќе од 100.000 од нив се „одлични“).

Греам С, корисник на „Трипадвајзр“, ја опишал Ајфеловата кула како „изненадувачки вредна туристичка атракција“, додека Ренди рекол дека „ги надминала очекувањата“.

Куќата на Ана Франк во Амстердам го зазеде второто место, а величествената базилика Саграда Фамилија во Барселона е на третото место, пишува „Тајм аут“.

Список на топ 10 атракции во Европа, според „Трипадвајзор“:

– Ајфеловата кула, Париз
– Куќата на Ана Франк, Амстердам
– Базиликата Саграда Фамилија, Барселона
– Колосеум, Рим
– Музеј Лувр, Париз
– Дуомо ди Милано, Милано
– Музејот Васа, Стокхолм
– Акропол, Атина
– Музеј д’Орсеј, Париз
– Археолошки парк Помпеја, Помпеја

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот