Триесетдневен притвор за осомничениот работник за убиството на Холанѓанецот

Фото: Илустрација

Триесет дена притвор доби С.Р (49) од тетовско Јанчиште, осомничен за убиство на Холанѓанецот Јос. М (59), сопственик на расадникот „Еуроплантс” во тетовско Прељубиште, информираат од СВР Тетово.

По вчерашниот настан, С.Р. кој би вработен во расадникот бил лишен од слобода, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до обвинителството достави кривична пријава за убиство.

-Со соодветен поднесок во Основен суд Тетово, осомничениот е изведен пред судија во претходна постапка кој му одредил мерка притвор од времетрање од 30 денови, соопшти денеска СВР Тетово.

Според првичните податоци од увидот на местото и разговор со вработените, на убиството му претходела расправија и физичка пресметка. Работникот со камен неколку пати го удрел и го усмртил сопственикот на расадникот.

Холандскиот државјанин пред десетина години,како концесионер на имотот на агрокомбинатот „Борец“ ја започнал работата на расадникот „Еуроплантс”.

Според информациите објавени на интернет страницата на „Еуроплантс” на површина од 375 хектари се одгледуваат разни декоративни и украсни дрвца кои се продаваат низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот