Три земји не ги наградија парично своите олимпијци по освоените медали

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Спектакуларната церемонија го означи крајот на 33. Летни олимписки игри во Париз, а 84 земји освоија најмалку еден медал од 206 учесници на Игрите.

Во Франција беа доделени 1044 медали, а најуспешна нација беа САД со 126 медали (40 златни, 44 бронзени и 42 сребрени). Додека некои земји даваа големи парични награди за спортистите кои освоија медал, на прво место Хонгконг, кој на членовите на мечувачката екипа им доделуваше по 710.000 евра за златни медали, според „Форбс“ некои од богатите земји не обезбедија никаква парична награда за своите спортисти.

Станува збор за Велика Британија, Шведска и Норвешка.

Велика Британија на Игрите освои 65 медали. Британците 14 пати се искачија на најсветлиот подиум, а покрај тоа освоија 22 сребрени и 29 бронзени медали.

Тие се трета земја по бројот на освоени медали, веднаш зад САД и Кина, но по успешност се на седмата позиција. Истото важи и за 11-те Швеѓани (четири златни, четири сребрени, три бронзени) и за осумте Норвежани (четири златни, еден сребрен, три бронзени).

Спортистите на САД освоија најмногу медали на Олимписките игри

Владата на Србија ќе одвои 4,7 милиони евра за своите олимпијци кои освоија медали. Спортистите од соседството освоија три злата, едно сребро и една бронза и се најуспешната земја во регионот. Хрватска, пак, на своето конто има две злата, две сребра и две бронзи. Олимпијците од Србија беа наградени со по 200.000 евра за златен медал.

Хрватите доделија 41.000 евра за злато, 26.000 евра за сребро и 18.500 евра за бронза. Словенците освоија два златни и еден сребрен медали, а Косово исто така освои два медали (сребрен и бронзен). Првите историски медали, два сребрени, ги освои и Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот