Три воза железнички ќе ги поврзат Скопје и Битола, младите и пензионерите ќе се возат бесплатно

Фото: МИА

Повторно се воведува бесплатното патување за младите и пензионерите во возовите на ЈП „Македонски железници“, освен тоа вратени се и трите воза што се обраќаа на релацијата Битола-Скопје.

Според одлуката на Владата од пред 10-тина дена поволноста за младите и пензионерите да користат бесплатно возење е вратена која беше прекината за време на пандемијата. Ова значи дека сите млади лица до 27 години, студенти и средношколци секоја прва и трета недела во месецот во период на викенд денови може бесплатно да го користат железничкиот превоз кон сите дестинации во државата кадешто има воз.

Исто така, за пензионерите, односно за сите жени од 62 години и мажи од 64 години оваа мерка ќе важи секој втор викенд во месецот.

Според информации од „Македонски железници“, од април се вратени возовите кои сообраќаат на релација Битола-Скопје-Битола. Дури три сообраќаат на оваа релација. Според возниот ред: од Скопје кон Битола воз поаѓа во 6.53 часот наутро, попладне во 14.30 часот и 20.05 часот навечер. Од Битола кон Скопје продолжува да сообраќа единствениот кој беше останат, тој што поаѓа во 3.14 часот наутро. Вториот Битола-Скопје поаѓа во 12.47 часот на пладне и последниот од Битола кон светот тргнува во 18.23 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот