Три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад со дронови во регион блиску до Одеса

Гранатирана станбена зграда во Одеса / Фото: Украинско министерство за одбрана

Три лица загинаа, а 11 се повредени утринава во Одескиот регион во напад на руски беспилотни летала, соопштија украинските власти.

„Непријателот утринава прибегна кон терор од големи размери во Измаил. Русите лансираа нападни дронови на југот на нашиот регион“, објави на Фејсбук регионалната државна управа на Одеса, пренесува Укринформ.

Во нападот загинаа две жени на возраст од 90 и 69 години, како и еден 73-годишен маж. Повредени се 11 лица, меѓу кои и едно дете.

Во нападот се оштетени приватни куќи, висококатници, автомобили, а избувнаа и неколку пожари кои веднаш беа изгаснати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот