Три лица вчера биле каснати од бездомни кучиња

Три лица биле каснати вчера од бездомни кучиња.

Четириесет и четиригодишна скопјанка била касната од улично куче во Аеродром.

„На 16.05.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник“.

Малолетник бил каснат од куче скитник во велешко Горно Оризари.

„На 16.05.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Велес, З.У.(49) од с.Горно Оризари, велешко, пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник“

Дваесетгодишна велешанка била мета на улично куче.

„На 16.05.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Велес, М.Д.(20) од Велес пријавила дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес била касната од куче скитник“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот