Три лица каснати од бездомни кучиња во Скопје

скопје Бездомни кучиња
Бездомни кучиња во Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Изминатото деноноќие, три лица пријавиле каснувања од бездомни кучиња во Скопје.

Дваесет и петгодишен скопјанец бил каснат од куче во Дебар Маало.

„На 30.11.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Центар, Р.Ѓ.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник.“

Осумдесет и деветгодишен маж бил мета на бездомно куче во Карпош.

„На 30.11.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Карпош, М.Џ.(89) од Скопје пријавил дека бил каснат од куче скитник.“

Скопјанец на 64 годишна возраст бил каснат од куче во Ѓорче Петров.

 

„На 30.11.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.М.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот