Три лица каснати од бездомни кучиња изминатото деноноќие

Двајца битолчани и кумановец вчера пријавике дека биле каснати од бездомни кучиња изминатото деноноќие.

Битолчанец пријавил дека бездомно куче го каснал неговиот малолетен син.

„На 20.11.2023 во 13.40 часот во СВР Битола, Д.К.(38) од Битола пријавил дека во Градски парк неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник“.

Шеесет и седумгодишен кумановец бил мета на куче скитник изминатото деноноќие.

„На 20.11.2023 во 12.00 часот во СВР Куманово, Д.М. (67) од Куманово пријавил дека на улицата „Драган Стопаревиќ“ во Куманово бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.

Четириесет и четиригодишна битолчанка пријавила дека била касната од куче.

„На 20.11.2023 во 20.50 часот во СВР Битола, Е.И.(44) од Битола пријавила дека на ул.„Цане Василев” била касната од куче скитник“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот