Три години од смртта на Марина Туцаковиќ: Носеше голема тага во последните години од животот

Фото: Твитер/Милан Радуловиќ

Марина Туцаковиќ, која почина на денешен ден во 2021 година, напиша бројни текстови за регионалните музички ѕвезди, а голем дел од нив ги освоија срцата на својата слушачка публика токму со нејзините песни.

Таа е родена на 4 ноември 1953 година во Белград, каде што завршила средно училиште во Шестата гимназија и дипломирала на Економскиот факултет.

Туцаковиќ сфатила дека пишувањето текстови ѝ е животен позив на деветнаесетгодишна возраст, а уникатниот стил на пишување го направи нејзиното име синоним за создавање безвременски хитови, пишува „Глоси“.

„Додирни ми колеа“ – хит кој се слуша и ден-денес

Својата професионална кариера ја започнала преку соработка со групата „Даг“, за која ја напишала песната „Смилјана“ во 1973 година. Во тоа време, Туцаковиќ учествувала во организацијата на музичкиот фестивал „Белградска пролет.“

Туцаковиќ го доживеа својот прв голем успех со песната „Додирни ми колена“, која ја изведе групата „Зана“. Оваа песна ја искачи високо во светот на регионалниот шоу-бизнис.

Откако се проби во музичкиот свет, пишувајќи текстови за поп песни, таа набрзо го прошири својот музички опсег и со голем успех влезе во водите на рок и фолк музиката. Во својата повеќедецениска и богата кариера, Туцаковиќ соработуваше со бројни големи имиња од домашната јавна сцена – Здравко Чолиќ, Лепа Брена, „Рибља чорба“, Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Жељко Самарџиќ, Слаѓана Милошевиќ итн.

Дека беше „пред своето време“ говори и фактот дека токму таа ја дала идејата да се одржува популарен национален Избор за песна на Евровизија. Првото издание на „Беовизија“ се одржа во 2003 година, а самата Туцаковиќ напиша неколку текстови за песникои беа дел од трката за големата евровизиска сцена.

Во 1993 година, таа ја доби наградата МЕСАМ за најдобар и најуспешен автор, а најголемото признание за неа лежи во тоа што целиот регион ги знае, сака и со задоволство ги слуша песните што се дело на нејзиното творештво.

Нејзиниот приватен живот беше исполнет со трагедии

Колку што деловниот живот на Туцаковиќ беше исполнет со успеси и радосни моменти, таа доживеа болни и погубни моменти на приватен план.

Својот животен сопатник го најде во својот колега и соработник Александар Радуловиќ – Фута, со кој заедно направија многу хитови и кој ѝ беше најголема поддршка до самиот крај. Тие имаа долгогодишен и хармоничен брак, од кој ги добија двата сина Милош и Милан.

Таа ја доживеа својата најголема животна болка, нешто од што никогаш не се опорави, кога нејзиниот син Милош ненадејно почина во 2008 година на 24-годишна возраст. Туцаковиќ ја канализираше својата тага во она што го правеше најживописно цел живот – му ја посвети песната „Мишо мој“, која во 2010 година ја отпеа Ана Николиќ.

Таа долги години се бореше со ракот на дојка, а во 2021 година ја изгуби битката со тешката болест.

Во декември 2022 година, нејзиниот син Милан, кој ужасно страдаше за неговата мајка, беше пронајден мртов во Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот