Три дена до крајот на Игрите, Кина и натаму најуспешна по бројот на златни медали

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Се ближи крајот на Летните олимписки игри во Токио, на три дена до крајот на најмасовниот спортски собир и натаму води Кина по бројот на златни медали, моментно ги има вкупно 34.

Спортистите на САД имаат најмногу освоени медали (91), но имаат пет златни медали помалку од Кинезите.

Третопласирана е Јапонија со 22 златни медали, 10 сребрени и 14 бронзени, следува Австралија со 17 златни медали, пет сребрени и 19 бронзени.

Рускиот олимписки комитет има 16 златни медали, 22 сребрени и 20 бронзени, а со 16 златни медали се закити и Велика Британија додавајќи уште 18 сребрени и 17 бронзени медали.

Од екс ју републиките и натаму најдобро котира Хрватска со три златни, три сребрени и два бронзени медали.

Македонија останува со едно сребро на таеквондистот Дејан Георгиевски, но има шанса да ја заврши Олимпијадата со уште еден медал, борачот Могамедгаџи Нуров, кој претендира да се искачи на подиумот во својата категорија својот настап ќе го има утре.

Комплетната листа можете да ја погледнете на следниот линк ТУКА

Нуров е последен македонски претставник во Токио, утре во првото коло ќе се бори против Тунижанецот Саадауи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот