Третиот „Патриот“ од Германија пристигна во Украина

Третиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ што го вети Германија веќе е во Украина, соопшти денеска германскиот амбасадор во Киев, Мартин Јегер.

– Во текот на последните месеци, украински тим успешно ја заврши обуката во Германија, објави Јегер на X.

Берлин го вети тоа уште во април како одговор на повиците на Киев за дополнителна противвоздушна одбрана.

Украина се соочува со сè поинтензивни руски воздушни напади во изминатите месеци, кои нанесоа тежок удар на енергетската инфраструктура на земјата.

Покрај најновата испорака, Украина користи најмалку три системи Патриот, еден испорачан од САД и два од Германија. Холандија испорача неколку лансери Патриот и вети дека ќе испорача целосен систем во соработка со друга земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот